Заев се пофали со повисока цена на пиперките, по реакциите замолкна (Антизаевизам на денот)

Премиерот Заев се пофали со повисока откупна цена на пиперките кои во 2015 имале цена од 15 денари а сега се 29 денари.

“За 93% е порасната откупната цена на пиперката од 15 денари во јули 2015 година, на 29 денари за килограм оваа година.

Земјоделците и производството на храна се наш приоритет! Ги зголемуваме приходите кај земјоделците со растот на откупната цена на земјоделските производи”, се пофали Заев.

Но граѓаните кои знаат дека цената е крената не поради владини политики туку поради се помалиот број на земјоделци, сушата и поскапата цена на регионалните и светски пазари реагираат со гнев на неговиот обид да направи политички поени.

За нив нема простор за фалба за раст на цена на производ за кој ќе треба да дадат речиси двојно повеќе пари при подготвување зимница идниот месец.

Дел од коментарите на постот на премиерот или на тој што му го води профилот на Твитер:

А на сливата, праската и јаболката колку е откупната цена? 🤔

*те поздравија Росоман со се Градско, Ресен, Делчево, Берово, рекоа на следни избори сигурно ќе гласаат за тебе 😉

Цреп Муртински
цените откупни треба да порастат за ИЗВОЗ а не за домашна продажба

Гебелс можи го*на да јади во споредба со вас 🤣

Затоа на пазар 60 денари пиперот и патлиџанот,математикава вришти!
Ама сиромашен народ жив ѓаол премиере😉

Видовме со доматите, јаболката, праските колку ви е приоритет

Дел од коментарите во твитот не се за објавување поради несоодветниот јазик.

SHARE