Заев се пофали со раст на пензиите помал од времето на Груевски?!

Премиерот Зоран Заев преку Твитер се пофали дека за две години ја зголемиле просечната пензија за 826 денари, што е помал раст во споредба со времето кога на чело на Владата беше Никола Груевски.

Во март годинава просечната пензија достигна 14.580 денари или 826 денари повеќе отколку на крајот на 2016 година, која Заев ја зема за репер, иако тој е премиер од 1 јуни 2017 година. На крајот на 2016 година Емил Димитриев беше раководител на техничката влада според Пржинскиот договор, а тој функцијата ја презеде од Никола Груевски, кој ја предводеше извршната власт од 27 август 2006 година до 18 јануари 2016 година.

„Од 2006 година, кога дојдовме во Владата, вклучувајќи го и зголемувањето сега во септември (2016 година – н.з.), ќе имаме вкупно зголемување на најниската пензија за 94 отсто, а на просечната пензија за 79 отсто, што е огромно зголемување“, рече тогаш Груевски во резимето на своето премиерување до отстапувањето на владиниот кабинет на Димитриев.

Споредбата на податоците покажува дека во времето на Груевски (и потоа на Димитриев) просечната пензија растела за безмалку осум проценти годишно, а кај Заев за околу три отсто или над двојно помалку!

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар