Лидерот на СДСМ вели дека кога Владата го пратила во собраниска процедура предлогот на законот за Јавно обвинителство тој имал збор од 80 пратеници дека ќе дадат поддршка.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив и поранешни пратеници, генерално осомничени или веќе обвинети луѓе, вршат притисок врз пратениците.

Имав збор од 80 пратеници дека ќе го поддржат и затоа законот беше пуштен. Имав збор, но тоа што се случува е вистинска драма“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, според кој притисокот што се врши врз пратениците да не се гласа ЗЈО бил десетпати поголем од оној што се вршел за време на уставните измени, пренесува „Сител“.

Заев побара „да се остават пратениците да одлучуваат по сопствено убедување. Јас ги немам пратениците во рака, раце… Секој од нив е многу свесна индивидуа за себе. Секој од нив е прво одговорен за тоа што е избран и ги претставува нашите граѓани во домот на демократијата и носат одлука согласно Устав и закон како што чувствуваат. Верувам дека ќе донесат вистинска одлука“, истакна лидерот на СДСМ и додаде дали за законот ќе има двотретинско мнозиснтво ќе се знае до крајот на оваа седмица, пренесе „Сител“.

SHARE