Заев: Сè уште нема договор за влада со ДУИ


Лидерот на СДСМ, во изјава за Телма вели дека се уште нема прелиминарен договор за парламентарно мнозинство и формирање на нова Влада меѓу СДСМ и ДУИ сè уште нема.

Изјавата е потврда на веста што синоќа ја објави „360 степени“ – дека вчерашната објава дека СДСМ и ДУИ имаат согласност за одредени принципи на кои треба да почива “евентуалната заедничка владина програма”, не значи и дека е постигнат договор за коалиција.

Заев повика на воздржаност и разбирање кога станува збор за преговорите за мнозинство и Влада, средбите на работните групи и на лидерите на партиите.

„Јас молам за разбирање. Навистина е потребно. Не е точно дека имаме прелиминарен договор“,вели Заев.

Во текот на вчерашниот ден повеќе медиуми јавија дека СДСМ и ДУИ веќе се договориле за формирање нова влада, пренесувајќи го писмениот став од СДСМ по средбата на нивниот генерален секретар Љупчо Николовски со Артан Груби од ДУИ.

SHARE