Заев се закани: Усеини ќе одговара

Советникот на Општина Охрид, Нефи Усеини ќе одговара доколку извршил физички напад, вели премиерот Зоран Заев по вчерашниот инцидент откако Усеини го нападнал 60 годишниот универзитетски професор Иљаз Иљази .

Премиерот е дециден е дека нема да суди, но нема да има резерви за никого и дека Усеини ќе одговара, па дури и по цена СДСМ да ја изгуби коалицијата со ДУИ на локално ниво.

„Ако направил физички напад, ќе одговара, не судам во делот на вината, истрагите ќе си покажат. Предрасуди нема спрема никој. Има општини каде СДСМ нема контрола врз мнозинството во Советите, па тие функционираат нормално. Немаме резерви дали ќе изгубиме мнозинство или не, се работи за закон. Без разлика на последиците. Ова прашање не треба да се политизира. Се работи за почитување на законот. Тие што се претавници на полтиичките партии, тогаш треба да бидат пример за другите“, рече премиерот Зоран Заев.

Со реакција на вчерашниот инцидент се јави и Алијанса на Албанците а од Еко-герила најавија дека за постапката на советникот ќе ги известати и странските амбасади.

SHARE