Македонскиот премиер Зоран Заев денеска и утре се бања на Халкидики, објави грчкото радио „Тесалоники“.
Заев се одмора со својата сопруга и во придружба на еден од вицепремиерите со сопругата, пренесува весникот Независен
Според солунско радио, Заев ќе биде сместен во еден од камповите на првиот крак на полуостровот, Касандра, и утре се враќа во Македонија. Престојот на Заев во Грција е исклучиво приватен и не се предвидени никакви средби со грчки политичари или функционери.
Фото: thessnews.gr