Заев со “Метла пишман аџија” – завчера ги сменил вчера им се извинил

Двајца од десетината директори кои завчера премиерот јавно ги смени сепак ќе останат на своите позиции откако вчера тој се премислил под влијание на еден министер.

Формално сменетите директори на скопскиот Здравствен дом Златко Мехмедовиќ и на Геронтолошки завод 13 Ноември Скопје – Салија Љатиф сепак ќе останат на своите позиции.

Планот на премиерот било во обид да се направи лажна слика за вистински промени, двајцата директори да си ги сменат местата.
Мехмедовиќ да стане директор на “Геријатрија” а Љатиф да го води здравствениот дом Скопје.

Но откако за смената реагирале негови советници и еден министер за кого ваквата смена била “чиста глупост” премиерот се премислил и ги оставил веќе сменетите директори на своите позиции.

Според извори во владата Заев вчера на двајцата директори им се извинил и им посакал успех на старо новите позиции.

Со тоа ионака слабата “метла” која ја зафати администрацијата покажува дека не се работело за реални смени туку за козметика во обид да се прикаже дека нешто се прави.