Заев со сексуално навредлив гест кон Мицкоски (ФОТО+ВИДЕО)

Со говор на телото кој содржи сексуална алузија и навреда лидерот на СДСМ денеска од Прилеп му порача на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека не може да дојде на власт.

Зборувајќе за тоа што го има направено а кое што освен Мицкоски според него го признава цел свет, Заев на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача дека се лаже ако мисли дека во април ќе дојде на власт.

Притоа премиерот ја употреби српската фраза „Мало сутра“ која што ја употреби Слободан Милошевиќ во 1991 година кога негираше дека може да дојде до распад на Југославија.

При користењето на изреката на Милошевиќ Заев направи и гестикулација која е алузија на покажување машки полов орган со што на уште пониско ниво го симна ионака ниското ниво на политичка комуникација во земјата.

Употреба на навреди кон политичкиот противник најчесто значи обид на политичари со понизок рејтинг кои имаат слаби аргументи да предизвикаат слични реакции од ривалите со цел да се измести реалната политичка дебата.

Гестот на Заев е на почетокот на 30та минута од видеото

SHARE