„Драг Стево, нека е честито. Успеавме. Граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава. Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе, и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа“ вели премиерот Зоран Заев во честитката по повод инаугурацијата на Стево Пендаровски кој од вечер на полноќ ја презема функцијајат шеф на државата.

Она што останува нејасно е дали премиерот кој го следеше Пендароски речиси на секој чекор во дватакруга од престдателската кампања. ќе се појави на денешната инаугурација.

Медиуми јавија дека премиерот Заев земал 4-дневен одмор поради приватни причини во периодот од 10 до 14 мај.

„Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија информира дека премиерот Зоран Заев во периодот од 10 до 14 мај ќе користи дел од своите слободни денови, заради приватни причини.

Канцеларијата на претседателот на Владата ќе функционира непречено во периодот на приватното отсуство на премиерот“, се вели во денешното соопштение.

Одморот на Заев доаѓа по кампањата за претседателските избори и посетата на папата Франциско на земјава. 

Во честитката, Заев на Пендаровски му порачува дека ќе се видат наскоро „на порво претседателско кафе“.