Заев: Ставовите на Зекири не се ставови на СДСМ

Премиерот, Зоран Заев, денеска се огради од пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, за неговите ставови искажани против францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние во вчерашното гостување на ТВ 24.

„Франција јасно ни кажа дека не е до нас, туку е до нив. Сакам да испратам порака, да се оградам од Мухамед Зекири кој го споменавте, тој е парламентарец и член на високото раководство на СДСМ. Неговиот став дефинитивно не е став на СДСМ“ , рече Заев.

Тој ги критикуваше сите кои имаат критички или навредлив кон амбасадорот Тимоние.

„Тој работи како искрен пријател на нашата земја да ги укаже сите детали. Понекогаш не им е лесно на амбасадорите“, рече Заев како што пренесува Фокус..

Во жестоката дебата на ТВ 24 со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, околу недобивањето датум за преговори за ЕУ Зекири во еден момент рече:

„Убедени сме дека Франција многу брзо ќе ја поправи грешката. Косово и Србија не се проблем. 27 членки кажаа дека ова е историска грешка. Мене ми е жал што главен брифер на Тимоние е човек кој е вмешан во многу спорни моменти наназад, а тоа е Синиша Алексовски кој беше советник за безбедност на Иванов“, рече Зекири.