„Ја добив информацијата дека има соопштение, а за кои лица се однесува, дека се работи за потпретседател на Собранието, тоа слушнав од вас“, изјави премиерот Зоран Заев во врска со информацијата дека е проширена истрагата за случајот „Рекет“ и дека меѓу осомничените е и јавен функционер.

„Нашиот став е секој пат кога лице е осомничено или обвинето, да преземеме мерки и санкции, времено отстранување на тоа лице, се додека не си ја докаже својата невиност.

Прво да прочитаме за што е тоа лице осомничено, треба да испочитуваме еднаков третман пред законите, рече Заев кој најави дека утре ќе се произнесе за новите осомничени во случајот „Рекет“.

„Не е чесно да коментирам нешто што не сум го прочитал. Принципиелно стоиме како Влада, приоритет ни е владеење на правото, односот мора да ни биде чесен ако сакаме враќање на правна држва, а законот да важи за сите“, рече премиерот.

SHARE