Заев вели дека Пендаровски е безбеден (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев, денеска изјави дека верува дека сите граѓани во земјава се чувствуваат безбедни и дека тоа се однесува и на претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски.

Пендаровски во два наврати, во гостување на две телевиззи рече дека има сознанија дека е следен од одредени служби, а синоќа околу ова поднесе пријава и во МВР.

„Утврдено е дека се работи за сликање за докажување каква кола всушност има и вози. Верувам дека сите граѓани во Република Северна Македонија треба да се чувствуваат безбедни. Веројатно има се уште одредени луѓе кои во својата глава прават можности за навoдни конструкции, за тајни планови, работат со квази патриотски здруженија и слично. Веројатно потребата им беше за алудирање тука, јас го знам заради тоа што тоа се апсолутно согледливи состојби што се случуваат во нашата земја. Дефинитивно нашата земја е безбедна, сигурна и стабилна“ – посочи премиерот.

Премиерот рече дека нема намера да ѝ се извини на опозицијата која беше посочена како тајна служба, одговарајќи на новинарско прашање.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.