Во интервјуто за „Утрински брифинг“  Зоран Заев, меѓу другото, реагираше на критиките на неговиот предлог за кратење на платите на вработените во амнинистѕрацијата и ниввно сведување на минималец.

Заев вели дека погрешно е што неговата изјава за платите во администрацијата била извадена од контекст, а мерките кои неодамна ги предложил доаѓаат од СДСМ до Владата не значи дека Владата ќе ги прифати сите, пренесе „Независен“.

„Таа (владата-н.з.) треба да ги слушне мерките од сите партии и од експертите. Излегов да соопштам мерки кои значат и мерки за штедење. Владата веќе неколку дена дискутира.

Верувам дека нема с’е да биде прифатено“ – изјави Заев.

„Ние работевме со многу експерти за да можеме да ги предложиме овие мерки, но Владата е таа која што ќе донесе одлуки. Популистите и оние кои бркаат политички поени ги отфрлаат овие мерки. Но некој треба да води грижа за државата. И ние се бориме на пазарот на гласови, да го заслужиме нивниот глас, но кога доаѓа тешко време некој треба да ги соопшти и тие непопуларни мерки. Жалам што дебатата се насочи кон намалувањето на платите на администрацијата…“ вели лидеротѕ на СДСМ.

SHARE