Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за објавениот аудио разговор од страна на „Ел Чека„ во врска со убиството на Мартин Нешковски, вели дека тогаш објавил се што имал,

Медиуми денеска објавија дека извесниот Ел Чека вчера објавил и набрзо ја повлекол аудио-снимката од разговорот меѓу тогашниот премиер Никола Груевски и екс-министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, околу случајот „Нешковски“ по кои се отворија некои дилеми.

„Секогаш кога има пакет на разговори или „бомби“, кажуваме само дел од разговорот, а постојат уште разговори поврзани околу одреден момент, изјави денеска премиерот Зоран Заев, објави Пресинг.Тв.

„Ние поседуваме само една третина од тие разговори. Имајќи ја предвид динамиката по датумите кога тие се одвивале од целиот овој период 2008 до 2014 година верувам дека многу разговори постојат кои опозицијата некојпат ги поседувала, така да автентичноста се знае кој може да ја покрие, да ја потврди и треба да се каже дали е тоа тоа“, одговори премиерот Зоран Заев.

Поранешниот премиер Никола Груевски, доцна синоќа преку фејсбук ги обвини Заев и СДСМ дека манипулирале со снимките од „бомбите“ за Мартин Нешковски, Никола Младенов и Смилковското езеро.

SHARE