Заев верува дека граѓаните ќе гласаат „за“ на референдумот

„Нашите намери се референдумот да мине во што попријатна и попривлечна атмосефа за граѓаните, поразлична од какви и да било други изборни процеси. И затоа верувам дека граѓаните во таква пријатна атмосфера ќе излезат и ќе гласаат „за“, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Крива Паланка, каде присуствуваше на чествувањето на празникот „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“.

Според него, СДСМ за референдумот ќе се обиде да влезе во коалиција со многу политички партии, и оттука ќе зависи и буџетот на коалицијата со која ќе настапат пред граѓаните.

„Но, не верувам дека ќе бидат потребни повеќе од 300-400 илјади евра, бидејќи самиот референдум не е како парламентарните избори и не бара многу трошоци за кампања“ рече премиерот како што пренесе МИА.