Заев ветил Албанец гувернер на НБМ ако ДУИ поддржи негов кандидат

Премиерот Заев и  Али Ахмети се согласиле дека во замена за поддршка на заеднички кандидат на ДУИ, од редовите на СДСМ или блиску до неа, најголемата албанска партија во следна прилика да ја добие позицијата гувернер на Централната банка, изјавиле владини извори за порталот на албански јазик “Журнал.мк” кој е близок на ДУИ.

Извори од владејачката коалиција, кои побарале да останат анонимни, велат дека Заев и Ахмети веќе се договорени кој ќе биде заедничкиот кандидат за изборите на 21-ви април, а името на истиот ќе го објават денеска, како што најави шефот на ДУИ.

“За возврат, Заев ветил дека ќе ги задоволи долгогодишните барањата и цели на ДУИ за Албанец да биде на чело на Централната банка на земјата”, изјавил за Журнал истиот извор.

Текстот на Журнал

http://www.zhurnal.mk/content/?id=192281513328

SHARE

2 Коментари

Comments are closed.