Заев: Вложивме една милијарда евра во патната инфраструктура, во план се уште две!

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откри дека неговата партија во овие три години на власт инвестирала една милијарда евра во патишта, а планирала да вложи уште две во следните години.

Останува уште во владеачката партија да ги усогласат километрите направени патишта со наведените една милијарда евра. Според видеоспотот споделен од генералниот секретар Љупчо Николовски на Твитер на крајот од февруари, за 2,5 години изградиле 782 километра. Потпретседателката на партијата и вицепремиерка Радмила Шекеринска, пак, во ТВ-дуел пред десет дена зборуваше за 500 км, дофрлајќи му на колегата Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ дека „вие не стигнавте толку ни за 11 години“.

SHARE