Премиерот Зоран Заев остава пратеникот Павле Богоевски сам да одлучи дали ќе  донесе одлука да поднесе оставка или ќе продолжи да биде народен избраник.

Заев, кој е во Виена, досега немал можност да разговара со Богоевски, но застана задф него и го пофали дека успешно работи во Собранието, пренесува „Либертас“.

„Направил обид за да набави лек за својата сестра, не сум имал можност да се видиме, но ќе се видиме. Треба да биде еднаков како сите, но се пријави и самиот и го пријави и таксистот. Јавно настапи и транспарентно, не го бранам, но како што се зборува за сите така и за него“, изјави од Виена Премирот Зоран Заев.

Извор: Либертас