Заев за бугарското вето: Ова боли – кине, но ги потиснуваме чувствата (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев имал исто чувство на горчина како македонскиот народ по ветото од Бугарија за старт на преговори со Европската унија, но ги потиснувал чувствата…

„Важам за разумен човек, човек кој постигнува договори штитејќи ги националните интереси – еве, Европа потврдува за Европеец и човек што гледа далеку и слично – ама горчината кај мојот народ е иста како кај мене. Ова боли денеска, боли – кине“, се пожали претседателот на Владата во интервју за ТВ 21.

Тој, сепак, категорично ја одбива можноста да поднесе оставка, а смета дека нема потреба ниту од лидерска средба.

„Не ми треба Мицкоски да се скарам со Бугарија, можам да се скарам сам. Ако го повикам, ќе се скарам“, уверен е Заев.

SHARE