Лидерот на СДСМ на Фејсбук сподели дека лошо се изразил во разговорот од 2016-та година, каде користи непримеррни зборови за таканаречената „шарена револуција“ и на соговорникот му кажува дека ја има под контрола како и идните коалициони партнери.

„Лошо сум се изразил во разговорот од 2016 година кој денес е објавен на курирските портали. Но, наспроти тие неколку несоодветни зборови, во изминативе три години стојат на виделина сите добри односи, почит и достојна соработка со сите наши коалициони партнери. Низ конкретни дела секој ден градам човечки и пријателски односи со сите мои партнери и соработници, затоа нашата коалиција постојано расте, затоа нашето мнозинство победува“, напиша Заев.

SHARE