Грчкиот „Катимерини“ пишува дека премиерот Зоран Заев изјавил дека „ договорот што неговата земја го потпиша со Грција за решавање на деценискиот спор околу името ќе го зајакне достоинството на малата балканска земја“.
Заев рече дека никој не го доведува во прашање идентитетот или официјалниот јазик на неговата земја, кој е македонски, пренесува весникот, како и дека изразил „уверување дека неговата влада ќе обезбеди 80 гласови потребни за одобрување на Преспесанскиот договор на третото гласање во парламентот на дебатата на 9-ти јануари“.