Заев: „Замрзнување„ на делови од Преспанскиот е претежок збор

По вчерашната изјава за „Еуроуз“ дека поради недобивањето датум за почнување преговори некои делови од „праспанскиот договор“ ќе бидат „замрзнати, Премиерот Зоран Заев денеска ретерира.

Запрашан на кои точно делови мислел кога за замрзнувањето зборувал во интервјуто за Еуроњус, Заев денеска рече дека „замрзнато“ е претежок збор и дека имплеметацијата на „преспанскиот“ ќе продолжи:

„Замрзнато можеби претежок збор. Ние само велиме дека договорот мора да е стимулативен и за граѓаните. Успешно ги завршуваме сите забелешки кои стигнаа од грчка страна, а дел од нив и сами ги утврдивме. А очекуваме и грчката страна да направи чекори, кои се нивни обврски, како што е промената на таблите на пример. Да испратиме недвојбена порака дека сакаме и со право овој договор да ја доживее својата иднина“ рече премиерот.

Заев вели дека намерата му била да се испрати порака до ЕУ да водат грижа за тие поглавја и тие да се отворат час поскоро. Поглавјата и договорот се формално правно врзани. Но секако Уставот е променет и ние името го употребуваме.

„Жалам што името не го користи опозицијата, а има амбиции и претендира за влсат, а што ако стане власт не дај може. Ќе има нови провокации“, рече денеска Заев

SHARE