„Заглави“ ли работата на историската комисија

„Ако ги погледнеме резултатите од нашиот последен состанок, речиси ништо не направивме“, констатира Ангел Димитров, претседател на бугарскиот тим во Заедничката комисија за историјата за бТВ.

Комисијата минатиот викенд два дена заседаваше во Софија по петти пат откако е формирана.

„Јасно е дека актуелните толкувањата од минатото станаа застарени. Јас лично очекував таа работа да тргне по една нагорна линија. Работата е доста фрустрирачка, вели професорот.

Според него, речиси половина од средбата минала во бесплодни разговори да се говори или не за Гоце Делчев и ги обвини колегите од македонскиот дел на комисијата дека на чуден начин објасниле дека не разбрале дека требало да се разговара за Делчев.

Според него, атмосферата за вистинска работа на состанокот не постоела и за други теми.

„Нашите приговори беа во неколку насоки. Неточни употреба на историско-географски  карти кои не одговараат на времето кое го илустрираат. Иманеточни дефиниции и на некои од племињата кои се прогласени за македонски, а тие не се такви” – вели Димитров.

Според неговите зборови, бугарската делегација ималас забелешки за начинот на кој се третира посетата на апостол Павле.

 Според македонските учебници станува збор за македонски народ, за создавање на македонска црква и дека Македонците станале христијани и кога дошле Словените, тие прифатиле веднаш го  прифатиле името Македонци.