Почетокот на преговорите за членство во ЕУ за Република Северна Македонија и Албанија не треба да се одложува заради францускиот предлог за нова методологија за преговори за пристапување. Овие процеси може да бидат паралелни, изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева на конференција за Западен Балкан во Софија.
Захариева вели дека била една од погласните кои велат дека ЕУ не може да донесе решене но:
„Вината не само во Унијата. Голема одговорност имаат и земјите-кандидатки“, рече Захариева и ги повика 6-те земји од Западен Балкан да ги направат потребните реформи кои понекогаш се болни и скапи.

Говорејќи за постигнатото во европската интеграција таа оцени дека „на Балканот нештата никогаш не се црни или бели“
„Од една страна, на пример, имаме договор за пријателство и добрососедство со Република Северна Македонија, но од друга страна, тој не се исполнува се со доволно добро темпо, особено во делот на историјата“, рече Захариева.

SHARE