Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева упати порака по повод тригодишнината од потпишувањето од Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија.

„Ние веруваме во добрососедските односи како фундаментална европска вредност и во таа смисла целосното и совесно спроведување на Договорот од страна на Македонија е клучен услов за понатамошниот напредок на земјата кон интеграцијата во ЕУ…

Еден од најважните аспекти е работата на заедничката мултидиспциплинрана експертска комисија за историја и образовни прашања. Бугарија очекува Комисијата да продолжи со работа и наскоро да оствари вистински напредок врз основа на објективно толкување засновано на автентични и историски извори и докази“, напиша Захариева на Фејсбук.

SHARE