Захариева: Не може и Тито и ЕУ

Министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева денеска обвини дека Македонија продолжува да ја следи идеологијата на Тито и на Сталин .

„Од една страна, не можете да сакате да бидете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито. Ако продолжиме да ги затвораме очите кон фактот дека оваа земја продолжува така како што замислуваа Тито и Сталин, ѝ правиме услога на Москва“, рече Захариева која кажа дека Бугарија не е во можност да каже „да“ за заполчнување на преговори на Македонија со ЕУ.

Во интервју за бугарската телевизија бТВ Захариева рече и дека Скопје „продолжува со омраза кон Софија“, па затоа не постои начин Бугарија да каже „да“ за да започне преговори.

„Никој не го оспорува нивното право на самоопределување и да го нарекуваат својот јазик како што сакаат, но ние не се согласуваме дека ова право треба да се заснова на омраза, кражба на историја и негирање на Бугарија и бугарскиот јазик.

Како што тргнале, тие ќе почнат да го негираат постоењето на бугарскиот јазик и нација “, вели Захариева.

SHARE