Шефицата на бугарската дипломатија вели дека апсолутно погрешни се очекувањата во Скопје дека под завршување на изборите во Бугарија ќе се решат несогласувањата со Софија кои ги блокираат преговорите за членство во ЕУ.

„Идејата дека нешто ќе се промени по изборите во нашата земја е погрешна. Наместо тоа, ако нешто се промени, тоа ќе биде на полошо“, нагласи Захариева.

Захариева потсетува дека позицијата на бугарскиот парламент во однос на темата за Северна Македонија е едно од чудата, бидејќи реткост е да бидеме толку едногласни за било што.

И бугарското општество и бугарските партии имаат многу сличен став на оваа тема.

За средбата со специјалниот пратеник на македонската влада за разговори со Бугарија, Владо Бучковски, вели дека нема ништо тајно од состанокот и дека бугарската Влада останува отворена и се движи во рамки на Договорот.

„Еден од предусловите да се направи нешто и да се започне разумно да се работи за решавање на проблемите е да се намалат емоциите. Колку повеќе зборуваме без емоции, толку повеќе шанси имаме да ја завршиме работата“,додаде таа.

Според Захариева, проблемот за јазикот е една од заблудите што, како што вели PM се обидува да ги наметне.

„Ние сакаме да ги надминеме стереотипите од минатото, да престанеме да образуваме и да основаме нација заснована на антибугарски став, да ставиме крај на говорот на омраза, да ставиме крај на образованието кое промовира омраза кон бугарскиот јазик. Ова е она што го сакаме, што според мене не е ништо комплицирано, но очигледно многу комплицирано според нив“,изјави Захариева за БТВ.

SHARE