„Ако не се разбереме за датумот за заедничко чевствување наспоменот на Гоце Делчев, нема да учествуваме во работата на заедничката комисија со Севрна Македонија“ изјави во интервју за бТВ, министерката за надворешни работи и вицепремир на Бугарија Екатерина Захариева.

Според нејзини зборови, Бугарија нема да прави компромис со датумот и не е согласна заедно да се слави на 7 октомври, пренесува весникот „Сега“

Датумот 7 октомври, што се нуди е неприфатлива, бидејќи тоа е датум на најголемото предавство што Бугарската комунистичка партија го направила спрема бугарскиот народ.

„Повеќето Бугари не слушнале за овој датум, датум на едно од најголемите предавства на БКП. На 7 октомври 1946 година под притисок на Сталин и Тито кои не сакаа голема балканска држава во лицето од Бугарија, Георги Димитров ги испрати коските на Гоце Делчев во Скопје“, рече Захариева.

Министерката изјави дека најважните прашања за Бугарија, за што комисијата треба да постигне согласност, се Гоце Делчев и Илинденското востание. Таа истакна дека е постигната согласност за средновековната историја – за делото на св. Св. Кирил и Методиј, за цар Самуил и за св. Наум, но истакна дека Гоце Делчев и Илинденското востание се „клучни“,  пренесува бугарски „Дневник“

Захариева вели  дека е важно за Бугарија не само да се постигне согласност за историската вистина, туку и да се запише во училишните учебници.

Министерката вели дека откако во текот на 75 година генерации во С. Македонија растеле во лаги, нема како за една и пол година да направи се пресврт.

Таа одново повтори дека бугарската позиција не е за одново пипшување на историјата, туку за признавање на вистината.

SHARE