Шефицата на бугарската дипломатија и вицепремиер вели дека интерес на Бугарија е Република Македонија да биде стабилен, безбеден и предвидлив сосед, а таква ќе биде кога ќе стане членка на НАТО и на ЕУ.

Но, Екатерина Захариева потенцираше дека дека Бугарија нема да прави компромиси со условите кои треба да се почитуваат за да се стане дел од целиот преговарачки процес на ЕУ.

„Еден од главните услови во претпристапниот процес е да имаш добрососедски односи, да не водиш изолациска и националистичка политика, да не ја крадеш историјата на соседите и да не негираат општото историско минато. Бугарија многу јасно ќе стави овие услови”, рече уште Захариева како што пренесува БГНЕС.

SHARE

3 Коментари

Оставете Коментар