Закана од хуманитарна катастрофа: Во Другово фекалии течат по дворови и улици

Поранешната општина Другово некогаш претендираше да биде едно од најубавите места за живеење во западниот дел на Македонија.

За жал сега може да се констатира само една жална и опасна слика што му се случува на ова населено место кое е одалечено само 4-5 километри од Кичево.

Негрижата на локалните власти и покрај обезбедените финансиски средства го оставија со недовршена канализација која тече по улиците и дворовите на луѓето.

Фекалиите кои течат по улиците и дворовите без никаква контрола претставуваат извор на зараза и болести пред се за најмладите.

Ниту локалната ниту централната власт и покрај обидите на локалната заедница не излегуваат во пресрет да се реши овој огромен проблем.

Каде се парите кои предходно биле обезбедени за канализацијата никој точно не знае. Најверојатно се потрошени ненаменски.

SHARE