Закана од Софија до Скопје: Без Гоце Делчев Бугарите се повлекуваат

Пресврт во односите Скопје – Софија.

“Ако не се договориме околу датата за чествување на сеќавањето на Гоце Делчев, нема да работиме во мешовитата комисија со Македонија”, изјавила за БТВ бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Бугарија нема да прави компромис околу датумот за заедничка прослава на македонакиот револуционер.

Предлогот на Македонија чествувањето да е на 7 октомври, денот кога Ѓорѓи Димитров и бугарската влада ја признала македонската нација е неприфатлив за Владата во Софија.

“Со поколенија ги учат децата во Македонија на лаги и фалшив национализам, но тоа не може да биде прифатено од наша страна”, изјави Захариева.

Според неа, целата македонска историја е создадена врз основа на поделба со Бугарија.

“Вчера пред комисијата во фокусот го имавме, а до крајот на годината и суштински резултати со појаснувања за Гоце Делчев и Илинденско-преображенското востание. Тие две работи се клучот. Се разбира, направивме и извештај за завршената работа-имаме успех околу темите за цар Самоил, Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум. Но, како да направиш компромис со вистината за Гоце Делчев-се разбира дека нема да отстапиме”, вели министерката.

Повеќето Бугари не слушнале за датумот 7 октомври-денот на едно од најголемите предавства во бугарската историја, извршено од БКП, кога по 1944 година, под притисок на Сталин и Тито, Софија ги признава Македонците , што е сторено во 1946 година. Затоа, таа дата не може да се чествува, заклучува Захариева.

Доколку Бугарија ги повлече своите членови на комисијата во прашање може да дојде целиот договор за пријателство меѓу Скопје и Софија по што не се исклучува нова бугарска блокада за НАТО и ЕУ.