„Испраќаме СМС или се јавуваме на телефон на тие кои се спремни да ја поддржат владата која ќе ја изневери нашата Македонија. Им велиме дека нема да се заборави. Да не се осмелат да ја продадат Македонија“.

СМС со ваква содржина и со имиња и телефонски броеви на пратеници биле испраќани, наводно, од пратеници на Неа демократија  до луѓе со цел да се јавуваат, да се закануваат и да ги заплашуваат пратениците кои би можеле да ја поддржат ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент.

„Додека г-дин Мицотакис зборува за европските вредности на НД, членовите на неговата партија, според извештаите на печатот, ги пренесуваат овие вредности во заканувачки пораки против пратениците за Преспанскиот договор!“ соопштуваат од СИРИЗА.

Владејачката партија побара истрага од надлежните служби а „раководството на НД да ги осуди и исклучи оние што се поврзани со овој беден застрашувачки бизнис, за да покажат дека не е поврзани со него“.

SHARE