Нови закани за Милески: Наскоро ќе го посетиш Боки

Симпатизери на СДСМ и премиерот Заев продолжуваат со закани до членот на Македонскиот Национален Совет Роберт Милески.

Последните закани доаѓаат од жена, извесна Оливера Комичиоска која на Милески му вели дека наскоро ќе биде заедно со Боки 13 односно в затвор.

Причината за последните закани е иницијативата на Милески на Мечкин Камен да се организира масовно исвиркување на Зоран Заев на Илинден.

“Интересни закани од СДС – прво ќе ме тепаа, потоа ми се заканија дека ќе ме обесат на крст, еве сега ќе ме праќаат кај Боки13.

Јас ќе им го цитирам еден од нивните, германскиот социјалдемократ Карло Шмит – „Тешко на државата, тешко на општеството кое не е способно да го истрпи интелектуалецот, човекот кој им ги кажува непријатните вистини.”

From Olivera Komicioska with love ❤️, и тој што ја натерал да пишува.

п. с.. Се сеќавате ли кога прашав – оние од ВМРО-ДПМНЕ ги брани ВМРО-ДПМНЕ, оние од сдс ги брани сдс. Кој нас јадни ќе нé одбрани? Ќе нé однесе матната.. ..секој ден се прашувам дали вреди, наместо да си живеам комотно, а можам”, пишува Милевски на својот фејсбук профил.

Линк до заканите

SHARE