Заклучокот дека Макрон има уплав од муслиманите од Македонија и Албанија е основан

Заклучокот дека вистинската причина за блокадата на Македонија и Албанија од страна на францускиот претседател Макрон е поврзан со муслиманите во овие две земји можеби е основан, тврди екс португалскиот министер за Европа Бруно Макаеш.

Во текст за американскиот портал “Политико” Макаеш го обвинува Макрон дека барал реформи на процесот на проширување пред да започнат преговорите со Македонија и Албанија а не дал предлог како да се стори тоа.

“Ова придонесе многу луѓе во двете земји да имаат заеднички заклучок: Вистинската причина за спротивставувањето на Макрон е поради тоа што Албанија е доминантно муслиманска земја а Македонија има многу големо и политички проактивно муслиманско малцинство”, смета Макаеш.

Ако се анализира внимателно може да се забележи многу исламофобија во многу од надворешнополитички одлуки на Макрон, анализира Португалецот според кого Макрон не е вулгарен исламофоб но дека можеби смета дека Европа е во опасност да биде апсорбирана од Исламот.

“И затоа треба да се затвори вратата за “опасните” држави во Западниот Балкан и да се држи врска со христијанска Русија” , пишува Макаеш за Политико.

SHARE