Законот за јазици ќе биде испратен до Венецијанската комисија следната недела со потпис на премиерот Зоран Заев, како што претходно беше ветено од владата, соопшти во гостување на „Алсат М“ министерката за правда Рената Дескоска.

Министерката вели дека се што ќе дојде како забелешка ќе биде вградено во законот како измени и дополнувања и дека за тоа постои согласност во коалицијата СДСМ-ДУИ.

Дескоска негира дека на мислење до Венецијанската комисија се испраќаат само закони во нацрт-форма пред усвојувањето.