Во Законот за здравствена заштита не е предвидено како да се постапува ако некој доктор свесно го загрозува јавното здравје.

Од тие причини, Лекарската комора не може да и ја одземе лиценцата на директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска која, по престојот во Италија каде се заразила со коронавирус, наместо да се самоизолира, одела редовно на работа и учествувала на семинар.

Таквото дејствување подлежи на Кривичен законик, а ако Судот наложи да и се одземе лиценцата на докторката, тогаш така ќе се постапи, соопштија денеска од Лекарската комора.

Етичка комисија на Лекарска комора утре ќе одлучува дали Биљановска да добие опомена или пак јавна опомена.

SHARE