ЗАМ: На СДСМ му исчезнаа 282 километри патишта за 80 дена

Емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа вечерва забележува дека за нешто помалку од три месеци највисоките функционери даваат целосно различни информации за должината на изградени патишта во земјава.

Откако предходно СДСМ направи и видео спот во кој се тврди дека за 2,5 години нивната влада направила 782 километри патишта вчера во дебата со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вицепремиерката Радмила Шеќеринска за намали бројката на 500 километри.

Дури и за тие 500 километри патишта Шеќеринска не даде одговор каде се наоѓаат.

На 27 февруари годинава генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски објави спот во кој партијата тврди дека се направени 782 километри патишта.

Кој лаже во случајов ќе треба да каже СДСМ, велат водителите на Заспиј ако можеш Горан Момироски и Драган Милосављевиќ.

SHARE