Нова корупциска афера го тресе здравството откако ТВ екипа од Албанија го снимила заменик министерот за здравство Асим Муса како бара и зема мито за операција.

Видео снимката ја објави истражувачката емисија „Фикс Фара“ што се емитува на Top Channel во Албанија а „делото“ е снимено во Струга каде што Муса работи како лекар.

Новинар на Муса му се претставил како пациент и со заменик министерот се договара за термин за операција на простата која би требало да се изврши во просториите на Институтот за нефрологија во Струга.

За операцијата Муса бара илјада евра, а однапред зема аванс од 50 евра.

Видеото на следниот ЛИНК

SHARE