Заменикот Бајрактар ќе ја замени Мизрахи

Заменикот на министерот за труд и социјалната политика, Ѓонул Бајрактар, со заклучок на Владата ги презел овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика.


На 10. редовна седница Владата на Македонија донесе заклучок со кој се констатира дека се создадени условите од член 48, став 2, од Законот за организација и работа на органите на државната управа и од тие причини Ѓонул Бајрактар, заменикот на министерот за труд и социјалната политика, ги презема овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика, се вели во соопштението од владината прес-служба.

SHARE