Заминува ли тимот за детска хирургија од болницата „Жан Митрев“?

Тимот од десет луѓе на чело со доктор Владимир Чадиковски, кои во февруари годинава го напуштија јавното здравство и почнаа да функционираат како дел од болницата „Жан Митрев“, се спремаат за оставки.

Извори за „А1он“ од болницата велат дека причина за оставките се неисполнетите услови кои се најавувале на почетокот на партнерството меѓу државата и клиниката „Жан Митрев“, а се однесуваат на операции на деца до една година за кои Фондот за здравствено осигурување ги покрива сите трошоци.

Членови од тимот велат дека повеќе немаат трпение да ги случаат ветувањата од типот „условите ќе бидат исполнети“.

Но, не сакаат да кажат попрецизно кои се тие услови и велат дека од неисполнетите ветувања се засегнати подеднакво и пациентите и тимот кој од детска клиника се пресели во „Чан Митрев“.

Од Министерството за здравство велат дека има извесни несогласувања, но очекуваат да бидат надминати.

SHARE