Замислете СДСМ да ги напаѓаа уништувачите наместо бранителите на Македонија

Замислете ,,СДСовците” да ги напаѓаа тие што ја уништуваат #Македонија како што не напаѓаат нас, кои ја браниме, пишува претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада (ММДЧП), Бил Николов.

Тој реагира на забелешките на членови и симпатизери на владеачката партија кои се шегуваат со неговото име Бил и лажно тврдат дека го сменил своето име.

“Забавно е кога луѓе со имиња како “Мартин” и “Роберт” коментираат за моето име, но не им пречи што #САД им ја преименуваа татковината во “Северна Македонија”, пишува Николов во одговор на тие што му го одземаат правото да се бори против името Република С. Македонија затоа што неговите родители му дале (не)традиционално македонско име односно англиска транскрипција на името Васил како што се викал неговиот дедо.