Започна ли дипломатска војна меѓу САД и ЕУ?

Американската администрација го намалила дипломатскиот статус на мисијата на Европската Унија во Вашингтон и со тоа најави денови на сериозна дипломатска активност за смирување на страстите меѓу САД и Брисел кои очигледно не се под контрола.

Со одлуката на Стејт Департментот на САД дипломатскиот статус на мисијата на Европската Унија во Вашингтон е намалена на меѓународна организација односно ЕУ за САД повеќе не е еден дипломатски ентитет туку се третира како останатите мултилатерални структури како ОБСЕ или ОПЕК.

Одлуката за промената на дипломатскиот статус која се криела и од страна на ЕУ се случила без никаква најава при крајот на минатата година најверојатно на крајот на октомври или на почетокот на ноември.

Мисијата на ЕУ забележала дека нешто не е во ред со својот дипломатски статус откако најпрвин амбасадорот на ЕУ во Вашингтон Дејвид О Саливен не бил поканет на неколку дипломатски настани минатата година а потоа за време на годишна средба на сите странски амбасадори во Вашингтон амбасадорот бил најавен не по вообичаениот хронолошки ред според должината на мандатот во САД туку бил најавен како последен.

Европски претставник за германските медиуми открива дека не се знае точно кога се слиучил дипломатскиот инцидент затоа што „САД прикладно заборавил да ја информира ЕУ“.

Во интервју за Дојче Веле дипломатот потврдува дека оваа одлука не е добро пречекана во Брисел каде се уште се дискутира официјален одговор од Унијата до САД.

Пред да биде намален дипломатскиот статус на неговата мисија амбасадорот О Саливен шефувал со ЕУ амбасадата од 2014 година. Тој секогаш на официјалните настани бил рангиран меѓу првите 20 до 30 дипломати во Вашингтон каде што постојано има најмалку 150 странски амбасадори.

Минатата година американскиот претседател Трамп имаше неколку спорадични дипломатски инциденти со своите европски партнери од кој најсериозен беше преписката на социјалните мрежи со францускиот претседател Макрон околу европската армија.

Предходно во драматична порака Меркел објави дека ЕУ за прв пат по втората светска војна ќе треба да се потпре на своите сили поради проблеми во атланскиот сојуз.

SHARE