Започна притисокот врз претседателот Иванов, Борисов солидарен со Заев

Започна очекуваниот странски притисок врз претседателот Иванов, кој што тој вчера го најави одбивајќи го договорот со Грција.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Софија ја откажа договорената средба со образложение дека Иванов вчера го понижил Заев на состанокот на кој премиерот му го предаде договорот за името.

Веснаш по откажувањето на Борисов и бугарското МНР објави дека министерката Захариева нема да се сретне со Иванов.

За разлика од нив претседателот Симеон Радев го прими Иванов со највисоки државни почести.

Предходно и шефот на Европската комисија Јоханес Хан јавно го критикуваше Иванов за отфрлањето на договорот.

SHARE

Comments are closed.