Започнува ли нова “Шарено црна револуција”

Откако во саботата со различни бои беше обоен влезот на Министерството за култура вчеравечер пред Општина Аеродром била истурена црна боја.

Нападот со бојата први ја забележале чуварите на општина Аеродром утринава пред 7 часот.

Градоначалникот, Златко Марин, засега нема осомничен за нападот кој е пријавен во полиција.

Инспектори на МВР утринава извршиле увид во Општината од каде ги добиле снимките од видео надзорот, на кои најверојатно се гледаат напаѓачите.

Информирајќи за нападот врз министерството за Култура фејсбук страната „Млади за Македонија“ во саботата најави црвено-жолт отпор а ноќешниот напад беше изведен со црна боја.

SHARE

Оставете Коментар