Затаракоски и експратеникот Богоевски во „клинч“ за Вевчани

Охриѓанецот Иљче Затаракоски, кој на духовит, но и саркастичен начин, коментира актуелни настани на Фејсбук, со постот за полициската акција во Вевчани предизвика реакција од поранешниот пратеник на СДСМ, Павле Богоевски.

„Во случај Република Вевчани ѝ објави војна на Република Нашата Земја, за кого ќе навивате?!“, праша Затаракоски.

„Какво одвратно и тенденциозно прашање, човеку…“, му напиша Богоевски под објавата.

„Добро бе Pavle, во недостиг на мадиња да искритикуваш нешто што стварно не чини, и ти почна да се фаќаш за вакви глупости? Шо сега? Повикувам на граѓанска војна?“, реплицира Затаракоски.

Иљче Затаракоски Не. Туку дека наместо вистинските прашања (основана/прекумерна сила; дали тоа што некој друг поминал неказнет значи дека сега сите може да прават што сакаат и сл.), ти си собираш лајкови. Браво“, продолжи Богоевски.

Pavle додека ти го користиш профилот за суштински да ги промениш нештата и да влијаеш врз социјалните текови. Да не речам од чист алтруизам. Пратеник беше бе Павле, повели отвори дебата на темава на било кој медиум, сигурен сум ќе ти отстапат слотот на Ненад Јовановиќ на еден саат. Сигурен сум дека ќе има поголем импакт од мојов пост. Или едноставно, ова што го напиша во коментар напиши го на профил и повикај на одговорност! Постави прашање до Оливер, поблиски сте, можда ќе одговори“, му врати Затаракоски.

SHARE