Затаракоски: Вие мислите глупи се Бугарине шо викет „мерси“?

Иљче Затаракоски со низа духовити статуси на Фејсбук ја разби невеселата атмосфера во Македонија по неповолните информации во однос на отворањето преговори за членство во Европска унија.

„Вие мислите глупи се Бугарине шо викет ‘мерси’?“, праша охриѓанецот.

Други негови објави поврзани со темата:

„Ништо… Дајте сега грбот и химната да ги смениме, па да пробаме пак“;

„И Ципрас машната да ја вратит!“;

„Ќе ви изгорит и Ајфелова некогаш, ама стап шо ќе добиете помош од нас“;

„Ја тргнав сликата на Жак Ширак од дневна“;

„Само да видам од утре некој кроасан да купил. Бојкот!“;

„Таман излеговме ‘на прав пат’ накај ЕУ, Макрон ни го пушти автобусот на технички преглед. Ко од Гоца да учел мме“;

„Шо ако ни дадат датум ко нашиве ќе го украдат календарот“;

„’Отворено писмо до Макрон од македонски интелектуалци’. Види ги ти ‘смарт’ контејнериве. И писма почнаа да пуштаат“.