Странските затвореници наскоро ќе имаат лекции по грчки јазик, предвидува договорот потпишан помеѓу министрите за правда и за образование на Грција.

Оваа „јазична програма“ ја наметнува владата како дел од напорите за подобрување на условите во грчките затвори.

Исто така, таа ќе биде наменети и за грчки државјани кои немаат соодветно знаење на јазикот, како што се членови на муслиманската и ромската заедница.