Завршува изборната кампања, од вечерва молк

Вечер започнува предизборниот молк пред одржувањето на предвремените парламентарни избори,закажани за в среда.

Денеска, на последниот ден од изборната кампања, партиите ги одржат завршните митинзи.

Коалицијата „Можеме“  предводена од СДСМ ги заокружува изборните активности во Битола, а претходно ќе ја посети скопската општина Кисела Вода, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе биде во Штип, Пробиштип и Карбинци.

ДУИ и кандидатот за прв премиер Албанец Насер Зибери и кандидатите за пратеници во сите шест изборни единици одржа прес-конференција пред Собранието, а кај фонтана во Градскиот парк во Скопје своите кандидати завршно ќе ги претстави и ГДУ. Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија” ќе ја заврши изборната активност во Охрид, а во Битола обраќање ќе има и носителот во ИЕ 5 и лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев.

На полноќ почнува изборниот молк по што веќе од утре почнува гласањето, кое годинава за првпат ќе трае три дена поради актуелната ситуација со корона вирусот.

Утре ќе гласаат оние кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД 19 и лицата на кои им е определена мерка самоизолација. Тие ќе гласаат во своите домови, а гласањето ќе го спроведе посебен избирачки одбор формиран од ДИК.

SHARE