Збогум Заев – Пишува Роберт Димитриевски

„Ма, нек’ нека падају ќускије, нека ме севдах опије…“

Ехото од овој стих на Дино Мерлин, со чиј новогодишен концерт на плоштадот „Македонија“ во Скопје им е полна устата на приврзаниците на власта, на нејзините противници им служи за испраќање на Зоран Заев од премиерската функција. Наместо „мој је живот Швицарска“, во што ги убедуваа муртинецот на привремена работа на „Илинденска б.б.“ и булументата околу него, одамна се виде дека „све је лаж“ што ветуваа и што остварија. Оттаму и опиеноста од „севдахот“ поради заминувањето на лидерот на „ќускиите“ што ѝ го сменија личниот опис на Македонија до непрепознавање во овие две и пол години.

Заев и остатокот од владината екипа што ќе вегетира од денес до изборите на 12 април дефинитивно оставија неизбришлива трага во македонската историја. Ни две комисии за историски прашања, како мешовитата со Бугарија, не би можеле само да набројат што сè (не) успеаја да направат со Македонија и со македонскиот народ.

Промената на името на државата за севкупна употреба, наспроти аманетот на својот „гуру“ Глигоров дека „Македонија е сè што имаме“ и спротивно на јасно искажаната народна волја со масовниот бојкот на пропаднатиот референдум од 30 септември 2018 година, им е врвниот дострел. Толку голем што не добија ни датум за почеток на преговори со Европска унија…

Договорите со Грција и со Бугарија ги претставија како историски, а ни ден не им издржа лажното тврдење дека со потпишаното го забетонирале македонскиот национален идентитет, јазик итн. Меѓу две прегратки на Заев со Борисов фрчат шлаканици од Софија за „заедничката“ историја, за етничката припадност на Гоце Делчев, а од Атина лансираа „добрососедска“ кампања „Македонија Велика“.

Затоа, пак, од Тиранска платформа заевци исполнија од точка до запирка, со акцент на законот за двојазичност. Не спроведоа ни „р“ од реформите на Прибе, но од „а“ до „ш“ го наметнуваат албанскиот јазик и во средини каде што не живее ниту еден Албанец, и покрај критиките од Венецијанска комисија. Дури и Македонци почнаа да се изјаснуваат како Албанци за да се протнат во јавната администрација покрај сите заслужни лепачи на плакати, викачи по митинзи, роднини, швалерки, фризерки и други блиски на првенците на власт.

Премиерувањето на Заев ќе остане запаметено и по менувањето ставови, (пре)задолжувањето и иселувањето на дневна основа, по економската пустош, по еден куп афери со „Рекет“ како врв, по мавањето „у градима јуначкима“ и зборувањето англиски на ниво „хев а њу јеар еврибади“, по…

Нека ми прости ЛГБТ-заедницата, ама ни еден педер, ни суетен новинар не го урнаа Заев. Немаше ни потреба. Толку многу сам се потруди несудениот нобеловец, што беше само прашање на време кога ќе си го заземе заслуженото место. На буништето на историјата.

SHARE