Зекири до Камчев: Од одговорност нема да избегате

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, му испрати порака на бизнисменот Орце Камчев дека „ќе одговара“.

„Орце Камчев и сличните на него е најдобро да молчат и да одговараат за сите злодела направени на Македонија и нејзините граѓани!!!
Можете што сакате да кажувате но од ОДГОВОРНОСТ нема да избегате!!!“, напиша Зекири на Фејсбук.

Повод е интервјуто на Орце Камчев за порталот „Фактор“ во кој ги поздравува договорите на македонските власти со Софија и Атина, јавно се изјаснува дека го поддржува престојниот референдум, но одговара и на прашањето околу неговите бизнис релации и кумска врска со Сашо Мијалков.

„Најпрво да разјасниме, директни бизнис релации со Сашо Мијалков додека бил функциониер сум немал никогаш, тоа го гарантирам и стојам позади тоа што го зборувам. Ниту денеска имам такви бизнис релации , доколку има некој акции, некои негови фирми, од неговите деца во некои акционерски друштва, јас тоа не можам да го забранам бидејќи има илјадници акционери, меѓутоа во управувачка структура, во структура која е управувачки одбор или слично тело немаме такви релации. Точно е дека бевме пријатели, повеќе не сме пријатели, а причините се различни во однос на тоа што се шпекулациите, но тоа останува меѓу нас двајцата“, вели Камчев во интервјуто за порталот „Фактор“ .